Ekipa
22 Јули 2021•Ажурирај: 24 Јули 2021
РАМАЛА (АА) - Групите за човекови права денеска ги обвинија израелските власти за измачување до смрт на палестински притвореник, јавува Агенција Анадолија (АА).
Абду ал Хатиб (43) почина за време на сослушувањето во Центарот за сослушување „Ал Москобије“ во окупираниот Источен Ерусалим (Источен Кудс).
„Сведоштвата од семејството и други притвореници покажуваат дека тој бил претепан и мачен со струја“, изјави за АА, Амани Саране, портпаролка на невладината организација Здружение на палестински затвореници.
Таа рече дека причините за смртта ќе бидат утврдени откако ќе се изврши обдукција на телото на Ал Хатиб.
„Палестинските невладини организации и управата на Ерусалим го обвинуваат Израел за убиство на Ал Хатиб“, рече Саране.
Татко на четири деца, Ал Хатиб, од бегалскиот камп „Шуфат“ во Источен Ерусалим (Источен Кудс) беше приведен од израелските сили за сообраќаен прекршок.
Се проценува дека околу 4.850 Палестинци се наоѓаат во израелските затвори, меѓу кои 41 жена, 225 деца и 540 административни притвореници, според палестинските групи за заштита на човековите права.