Aşkın Kıyağan
26 Мај 2019•Ажурирај: 27 Мај 2019
ВИЕНА
На изборите за членови на Европскиот парламент (ЕП) во Виена гласаа австрискиот канцелар Себастијан Курц и лидерката на опозицијата, Памела Ренди Вагнер, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Австрија, земја која има 18 пратеници во Европскиот парламент, избирачките места се отворија во 7:00 часот, а ќе бидат затворени во 17:00 часот.
Во земјата, во која право на глас имаат околу 6 милиони и 416.000 гласачи, на европските избори учествуваат осум партии и 260 пратеници.
Курц рече дека се надева на голем одѕив на гласачите, додавајќи дека изборите за ЕП се значајни во однос на одредувањето на правецот кон кој ќе оди Европа.
Канцеларот смета дека Европската народна партија (ЕПП) ќе излезе силна на овие избори.
Тој се надева дека изборите ќе го зајакнат центарот, наместо партиите на екстремната десница и левица.
Памела Ренди Вагнер, лидерка на Социјалдемократската партија (SPO), укажа на важноста на гласањето.
„Има многу работи што треба да се направат во Европа. На пример, повлекување на екстремната десница и изградба на поправедна Европа се некои од прашањата кои ќе бидат одлучувачки за следните неколку години. Од тој аспект, важно е гласачите да гласаат. Вие треба да бидете тие што ќе направите избор во донесувањето одлуки, а не други“, смета таа.
Одѕивот на изборите во 2014 година изнесуваше 45,39 отсто.