27 Мај 2019•Ажурирај: 28 Мај 2019
БРИСЕЛ/АТИНА (АА) - Лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, го повика грчкиот премиер Алексис Ципрас поради поразот на европските парламентарни избори итно да си поднесе оставка, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Европската Унија денеска се одржаа избори за нов состав на Европскиот парламент, а според прелиминарните резултати во Грција релативна победа славеше конзервативната Нова демократија со освоени 32,8 отсто од гласовите.
Владејачката левичарска партија Сириза на грчкиот премиер Ципрас освои 24 отсто од гласовите.
Грчките социјалисти освоија 7,8 отсто од гласовите, Комунистичката партија 5,6, а радикалната десничарска Златна зора доби 4,8 отсто од гласовите.
Првите проекции на резултатите од денешните избори покажуваат дека најсилната политичка групација, Европската народна партија, доживеа значителен пад, додека партиите на Зелените и радикалната десница значително зголемување на бројот на гласовите.
Според овие проценки и излезните анкети, Народната партија ќе остане најсилната политичка опција во ЕП, но ќе има 173 пратеници во Европскиот парламент, каде што во изминатиот мандат имаше 217 пратеници.
Социјалистите ќе паднат за 40 пратенички места и ќе мора да се задоволат со освоени 147 места.
Зелените најверојатно ќе освојат 71 пратеничко место, а во претходниот состав имаа 52 пратеници.
Групата Европска нација и слобода, која ги опфаќа популистичките и крајнодесничарските партии, би требало да добие 57 пратенички места, што е за 20 места повеќе во однос на претходните избори.
Иако Народната партија и левицата доживеаја забележителен пад во споредба со претходните избори, а во новиот состав проевропските политички групи треба да добијат 493 пратенички места во Европскиот парламент, кој вкупно брои 751 места.