Sayed Khodaberdi Sadat
07 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
КАБУЛ (АА) - Дваесет и седум терористи, припадници на терористичката организација ДЕАШ, се убиени во воздушниот напад извршен во провинцијата Нангархар која се наоѓа во источниот дел на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на гувернерството на Нангархар, Атаула Хогјани, во изјава за АА истакна дека беспилотно летало на силите на Соединетите Американски Држави (САД), кои работат во рамките на НАТО, ги бомбардирало позициите на ДЕАШ во регионите Маманд Дере и Кандру Пише во областа Ачин.
Хогјани пренесе дека во нападот се убиени 27 припадници на ДЕАШ, а 13 се ранети.
Тој додаде дека во нападот нема повредени цивили.