Sayed Khodaiberdi Sadat
09 Јуни 2021•Ажурирај: 09 Јуни 2021
КАБУЛ (АА) - Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа до која дојде по пад на воен хеликоптер од типот Ми-17 во местото Чегату во авганистанската покраина Вардак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Авганистан соопшти дека воениот хеликоптер од типот МИ-17 паднал во областа Чегату поради техничка неисправност.
Се наведува дека во хеликоптерската несреќа животот го загубија три лица, а едно лице е повредено.
Од друга страна, во соопштението на талибанците се тврди дека хеликоптерот бил соборен од милитантите.
Додека од една страна продолжуваат преговорите за мир со цел запирање на крвопролевањата во земјата, од друга страна, насилството сè уште трае.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на Авганистан, Рахматула Ендер, на 5 јуни соопшти дека талибанците извршиле 1.455 напади во мај и истакна дека најмногу цивилни жртви имало во нападите извршени минатиот месец.