свет

Фатма Акташ пред судот во Хаг: „Сакаме правда за Босна“

- „Денес сме тука бидејќи сакаме правда за Босна. Дојдовме поради правдата и без неа нема да заминеме“, порача Фатма Акташ, која пред зградата на судот во Хаг го истакна транспарентот „Правда за Босна“

Selman Aksünger  | 08.06.2021 - Обновена : 09.06.2021
Фатма Акташ пред судот во Хаг: „Сакаме правда за Босна“ Фото: Селман Аксунгер - Агенција Анадолија

ХАГ

Фатма Акташ, жителка на Холандија, по потекло од Турција, која исто така денес пристигна пред зградата на судот во Хаг пред изрекувањето на конечната пресуда за Ратко Младиќ, порача дека дошла да им даде поддршка на сите мајки од Сребреница и дека посакува правда за Босна, известува Агенција Анадолија (АА).

Акташ, директорка на Фондацијата „Евроазија“ од Холандија, пред зградата на судот истакна транспарент на кој пишува „Правда за Босна“.

Во разговор со новинарот на АА, Акташ изјави дека со години ги следи судските процеси што се однесуваат на злосторствата извршени на територијата на БиХ.

„Со години сме тука покрај Мунира Субашиќ и сите мајки од Сребреница. Дававме поддршка во текот на целиот судски процес и ќе продолжиме да бидеме поддршка“, рече Акташ и додаде: „Денес сме тука бидејќи сакаме правда за Босна. Дојдовме поради правдата и без неа нема да си заминеме.“

Конечната пресуда за Ратко Младиќ, првостепено осуден воен злосторник, ќе биде обелоденета денес пред Механизмот за меѓународни кривични судови во Хаг. Со првостепената пресуда од Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија пред четири години, Младиќ беше осуден на доживотна казна затвор поради геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото во 15 општини во Босна и Херцеговина, опсада, снајперско делување и тероризирање на граѓаните на Сараево од 1992 до 1995 година и држење на припадниците на мировната мисија на Обединетите нации (ОН) како заложници во текот на бомбардирањата на НАТО.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın