Vesna Besiç
22 Ноември 2017•Ажурирај: 23 Ноември 2017
ХАГ (АА) - Претседателката на Здружението „Мајки на Сребреница и Жепа" Мунира Субашиќ по објавувањето на пресудата за Ратко Младиќ, воениот командант на војската на Република Српска, кого Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКСЈ) првостепено го осуди на доживотна казна затвор, порача дека жртвата никогаш не може да биде задоволна, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова е истата пресуда, која беше и за Караџиќ, единствено што тој доби доживотна казна, а Караџиќ 40 години. Единствената разлика е во тоа што Младиќ имал врска со војската на Србија. Ние жртвите сега имаме право да подигнеме обвинение против Србија и Република Српска , појасни Субашиќ.
Таа посака Младиќ да живее уште долго време и да ја дочека жалбената пресуда.
„А, секоја вечер на очи да му доаѓа мојот син и неговата ќерка која се самоуби поради него и сите невино убиени деца", рече Субашиќ.