Fayez Abdulsalam
30 Октомври 2023•Ажурирај: 31 Октомври 2023
ГАЗА (АА) - Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври досега беа уништени 47 џамии, а три цркви беа оштетени, објави Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа, јавува Анадолу.
„Израелските напади врз Појасот Газа предизвикаа уништување на 47 џамии и оштетувања на три цркви и 203 училишта, како и на 80 владини згради“, рече директорот на Канцеларијата, Селаме Маруф, на прес-конференцијата во неделата.
Според неговите зборови, досега загинале 116 члена на медицинскиот персонал, 35 новинари, 18 припадници на спасувачките екипи и тимовите за цивилна заштита.