Ekipa
24 Мај 2017•Ажурирај: 25 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Полицијата во Манчестер соопшти дека уапсила уште три машки лица во врска со самоубиствениот бомбашки напад за време на поп-концертот во понеделникот, кога загинаа 22 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес, полицијата соопшти дека апсењата се извршени во јужниот дел на Манчестер, каде што ден претходно беше уапсен 23-годишен маж и беа извршени претреси на голем број домови.
Полицијата се обидува да утврди дали бомбашот-самоубиец Салман Абеди делувал сам или постои опасност од нови напади.