Dildar Baykan
24 Мај 2017•Ажурирај: 25 Мај 2017
САО ПАОЛО (АА) - Во еден рудник во Бразил пронајден е смарагд со должина од 1,3 метри кој тежи 272 килограми, јавува Anadolu Agency (AA).
Пауло Сантана, од канцеларијата за Национално производство на руди, соопшти дека смарагдот бил пронајден пред 20 дена од страна на рударите во Рударската кооператива Баија која се наоѓа во бразилската сојузна држава, Баија.
Сантана пренесе дека пронајдениот смарагд е со должина од 1,3 метри, а неговата тежина е 272 килограми. Тој истакна дека овој смарагд е втор најголем минерал пронајден во регионот. Најголемиот смарагд бил пронајден во 2001 година о вредност од 300 милиони долари, чија тежина била 292 килограми.
Сантана нагласи дека не ја знае вредноста на смарагдот, и вели дека овој смарагд бил продаден на еден сопственик на рудник.
Марсио Жандир,адвокат на купувачот кој сакаше да остане анонимен, истакна дека неговиот клиент ќе го изложи смарагдот во музеи и библиотеки.