Ahmet Gürhan Kartal
28 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
ЛОНДОН (AA) - Британскиот парламент не го изгласа планот на премиерот Борис Џонсон за свикување на општи избори на 12 декември, јавува Anadolu Agency (AA).
Според британскиот закон, за да се распишат предвремени парламентарни избори, потребно е двотретинско многинство во државниот парламент.
Сепак, денес не гласаа лабуристите, па планот на премиерот за изборите доживеа неуспех.
Велика Британија на референдум во 2016 година ја изгласа одлуката за напуштање на Европската унија (ЕУ). Најпрвин, Брегзит требаше да се случи на 29 март оваа година, но рокот е продолжен откако британскиот парламент не го прифати договорот кој британската влада го постигна со лидерите на ЕУ.
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, најавуваше дека Брегзит ќе се случи во планираниот рок до 31 октомври. Успеа неодамна да постигне и нов договор со лидерите на ЕУ за идните односи помеѓу двете страни, но не успеа во тоа да го увери британскиот парламент.