Enes Kaplan,Zafer Fatih Beyaz
28 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Гласноговорникот на Кабинетот на претседателот на Турција, Ибрахим Калин и советникот за национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД), Роберт Обрајан разговараа телефонски, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Кабинетот на претседателот на Турција се наведува дека Калин и Обрајан разговараа за билатералните односи и случувањата во Сирија.
Во текот на разговорот исто така е нагласена решителноста во рамките на борбата против сите терористички организации, вклучувајќи ги ДЕАШ, ПКК и ЈПГ.
Разговарано е и за подготовките во пресрет на посетата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на Вашингтон, на 13 ноември на покана на американскиот претседател Доналд Трамп.