Alaattin Doğru
23 Јули 2021•Ажурирај: 25 Јули 2021
ПАРИЗ (АА) - Валери Пекрес, поранешна членка на Републиканската партија (LR), една од водечките фигури во француската политика, соопшти дека ќе се кандидира за претседателка на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во интервјуто за „Ле Фигаро“ (Le Figaro), Пекрес, која ја основаше партијата „Да бидеме слободни“ (SoyonLibres), откако ја напушти десничарската Републиканска партија, истакна: „Ќе се кандидирам за претседател за да ја поправам француската чест.“
Пекрес, истакнувајќи дека сака да ја врати земјата на вистинскиот пат, рече дека Франција мора да ги напушти 10-годишните лоши избори, полумерките и неодлучноста.
Изјавувајќи дека не се плаши од прелиминарните избори што треба да се одржат меѓу кандидатите од десницата, Пекрес истакна дека на Сојузот на десницата и центарот потребен му е единствен кандидат.
Таа исто така истакна дека имиграцијата во земјата треба да запре.
- Избори во април 2022 година -
Првиот круг на претседателските избори во Франција ќе се одржи на 10 април следната година.
Доколку некој од кандидатите не може да освои апсолутно мнозинство во првиот круг, двајцата кандидати со најмногу гласови ќе се натпреваруваат во вториот круг што ќе се одржи на 24 април.
Кандидатот кој ќе победи во вториот круг ќе биде избран за претседател.
Политичарите кои официјално ја соопштија својата кандидатура за претседателските избори досега во земјата се лидерката на екстремно десничарската Партија на националното единство (RN), Марин Ле Пен, лидерот на екстремно левичарската партија Непокорна Франција, Жан-Лук Меленшон и претседателот на францускиот регион О-де-Франс и поранешен министер Ксавиер Бертран.
Претседателот Емануел Макрон сѐ уште не ја објави својата кандидатура за втор мандат.