свет

Во поплавите во Белгија смртно настрадаа 37 лица

Поплавите особено го погодија истокот на земјата, а официјалните претставници кои во претходните неколку дена соопштија дека се трага по 473 лица, истакнаа дека сега се трага по 6 лица

Ömer Tuğrul Çam  | 23.07.2021 - Обновена : 24.07.2021
Во поплавите во Белгија смртно настрадаа 37 лица

БРИСЕЛ (АА) - Во поплавите во Белгија смртно настрадаа најмалку 37 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Националниот кризен штаб соопшти дека се пронајдени 5 тела на лица за кои се трагало, со што бројот на жртвите од поплавите се зголеми на 37.

Поплавите особено го погодија истокот на земјата, а официјалните претставници кои во претходните неколку дена соопштија дека се трага по 473 лица, истакнаа дека сега се трага по 6 лица.

Во акциите за спасување и потрага учествуваат полициски екипи, нуркачи, а потрагата е интензивирана во реките и езерата.

Обилните врнежи од дожд минатата недела предизвикаа поплави во неколку градови, меѓу кои се Лиеж, Вервие, Спа, Намур и нивната околина.

Неколку илјади објекти и мостови се срушени или се значително уништени. Активностите за расчистување на теренот продолжуваат, а зајакнати се и полициските тимови за да спречат грабежи во погодените подрачја.

Во тек се и работни активности на оспособување на електричната мрежа во многу села и помали места. Сепак, работата за целосно санирање на инфраструктурата може да потрае неколку недели, па дури и месеци.

Обилни врнежи од дожд се очекуваат и овој викенд, а се преземаат активности за да се спречи ново излевање на реките.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın