Mustafa Deveci
05 Јули 2021•Ажурирај: 06 Јули 2021
ЕРУСАЛИМ
Вакцината на Фајзер-БајоНтек е 70 отсто ефективна против високо заразната варијанта на коронавирусот Делта, покажа истражувањето спроведено во Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Резултатите од истражувањето на Eврејскиот универзитет беа објавени вчера од Израелската јавна радиодифузна корпорација (КАН).
Новиот наод се споредува со стапката од 95 отсто ефикасност на вакцината против претходно споменатата варијанта.
Делта-варијантата, што за прв пат е забележана во Индија, е одговорна за повеќе од 90 отсто од новите случаи на Ковид-19 во Израел во текот на изминатите две недели.
Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“ од декември 2019 година, пандемијата одзеде над 3,97 милиони животи во 192 земји и региони, со над 183,74 милиони лица позитивни на Ковид-19 во светот.