Dildar Baykan
05 Јули 2021•Ажурирај: 06 Јули 2021
ВАШИНГТОН
Преостанатиот дел од делумно срушената 13-катна зграда во Мајами е урнат на контролиран начин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Останатиот дел од зградата е срушен синоќа во 21:30 часот по локално време со образложение дека не е безбеден.
Зградата се сруши за неколку минути.
Од друга страна, сè уште нема информации за 121 лице за кои се смета дека се наоѓаат во остатоците од зградата. Напорите за пребарување и спасување се прекинати откако започна процесот на рушење.
Досега во остатоците од зградата се пронајдени телата на 24 лица, меѓу кои и на 3 деца.
- Половина од зградата со 270 луксузни станови одеднаш се урна
Во местото Сурфсајд, северно од плажата Мајами, со население од приближно 5.600 жители, на 24 јуни одеднаш се сруши дел од 13-катната луксузна зграда со 270 станови.
Официјалните претставници на Сурфсајд во преписката со управата на зградата во 2018 година посочиле дека зградата што потекнува од 1981 година има големи структурни оштетувања, информирајќи дека се потребни приближно 9 милиони долари за поправка на испуканите столбови и бетонот што се распаѓа.