БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 ја предизвика смртта на 830 лица во Бразил, 42 во Мексико, 310 во Аргентина, 582 во Колумбија, 130 во Чиле, 31 во Боливија, 111 во Парагвај, 42 во Гватемала, 73 во Перу и на 26 лица во Уругвај.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 830 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 524.417.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 27.783, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 18.769.808.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 17.082.876 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 42 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 2.611 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 233.622 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.540.068. Досега во оваа земја оздравеа 2.014.868 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 310 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 95.904. Во истиот период детектирани се 21.177 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.535.473.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.156.006 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на 8. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 582 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 108.896.
Во последното деноноќие детектирани се 26.265 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.350.495. Во оваа земја досега оздравеа 4.047.147 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 9. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 73 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 965 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2.065.113, од кои животот го загубија 193.230 лица, а оздравеа над 2.026.122 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на 5. место во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а на 18. место според бројката на лица позитивни на коронавирус.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 130 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 33.103.
Во истиот период регистрирани се нови 3.368 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.569.784, а оздравеа вкупно 509.297 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 31 смртен случај предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 878.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 444.968, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 16.951. Досега оздравеа 368.327 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 111 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 1.201 лице позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 428.743, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 13.346.
Досега оздравеа 380.290 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 42 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 9.461 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 823 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 302.012.
Досега во оваа земја оздравеа 269.019 лица што биле заразени со коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 26 лица од последиците на заразувањето со коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи достигна 5.689.
Во истиот период детектирани се 547 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 372.709 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 355.420 лица заразени со Ковид-19.