AP
06 Октомври 2016•Ажурирај: 07 Октомври 2016
БУДИМПЕШТА (АА) - Централната изборна комисија на Унгарија ја одобри иницијативата од страна на новинарите за одржување градски референдум за кандидатурата на Будимпешта за организирање на Летните олимписки игри 2024 година, јавува Anadolu Agency (AA).
На одлуката што ЦИК ја објави денес, во рок од 15 дена може да се поднесе жалба до Врховниот суд на Унгарија, кој неодамна одби слична иницијатива.
Иницијативата ја отвори истражувачката новинарка Каталин Ерделји, но да се одржи референдум за кандидатура на Будимпешта на национално ниво. Но, ЦИК вчера објави дека нејзиниот предлог е одбиен. Прашањето што го предложи Ерделји гласеше: Дали се согласувате со тоа, Будимпешта да ја повлече својата кандидатура за организирање на Летните олимписки игри во 2024 година?
Освен Будимпешта, за организирање на игрите во 2024 година се кандидираа и Париз и Лос Анџелес. Кандидатурата на Рим не доби поддршка од градоначалничката Вирџинија Раџи и од Градскиот совет.
Хамбург претходно ја повлече својата кандидатура што ја одбија гласачите на градскиот референдум.