политика

Спасовски: „Полицијата на висина на задачата за демократски амбиент на референдумот“

Министерот Спасовски нагласи дека правото на глас е неприкосновено и никој нема право да го загрози, додавајќи дека тајноста на гласот е загарантирана и дека институциите ќе обезбедат беспрекорно спроведување на референдумот на 30 септември

Ekipa  | 23.09.2018 - Обновена : 24.09.2018
Спасовски: „Полицијата на висина на задачата за демократски амбиент на референдумот“ АА/Архива

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, истакна дека македонската полиција ги презела сите потребни мерки за обезбедување демократски референдумски процес на 30 септември, и стави акцент на евентуалните прекршувања во процесот на гласање, јавува Anadolu Agency (AA).

Преку видеообраќање, денес министерот Спасовски нагласи дека правото на глас е неприкосновено и никој нема право да го загрози, додавајќи дека тајноста на гласот е загарантирана и дека институциите ќе обезбедат беспрекорно спроведување на референдумот на 30 септември.

„Секој граѓанин да гласа според сопствено убедување и сопствена волја. Гласот на граѓаните одлучува за иднината на Македонија. Полицијата е на висината на задачата да овозможи демократски гласачки амбиент, и слободно изразување на волјата на граѓаните“, рече Спасовски.

Тој истакна дека Македонија е демократска држава со европски манири каде што секаков вид на притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран во согласност со законите.

Министерот Спасовски во своето обраќање нагласи дека тоа важи и за интернет-активностите, и како што потенцираше, секој обид за попречување на остварувањето на правото на глас ќе биде санкционирано.

Референдумот, кој ќе се одржи на 30 септември, е дел од Договорот за решавање на спорот за името помеѓу Македонија и Грција, кој предвидува промена на името на државата во Република Северна Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.