Sayed Khodaberdi Sadat
12 Септември 2018•Ажурирај: 13 Септември 2018
КАБУЛ (АА) - Во авганистанската провинција Нангархар, на истокот од земјата, изведен е самоубиствен напад во кој бројот на загинати се искачи на 68 лица, а 165 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Директоратот за здравство на провинцијата Нангархар, Енамулах Мијахил, информираше дека во самоубиствениот напад што беше изведен вчера меѓу луѓето што протестирале против Владата во подрачјето Дехкаи, во провинцијата Нангархар, бројот на загинати се искачил на 68.
Изјавувајќи дека во нападот загинале 168 лица, Мијахил посочи на фактот дека здравствената состојба на дел од ранетите е сериозна, и постои голема загриженост дека бројот на загинати може да биде уште поголем.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Вчера самоубиец го активираше експлозивот на себе меѓу народот кој во подрачјето Дехкаи, во провинцијата Нангархар, протестираше против Владата поради тиранијата од страна на командантите заштитници.