Mustafa Deveci
12 Септември 2018•Ажурирај: 13 Септември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската Војска лиши од слобода најмалку 23 Палестинци на подрачјето на окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Воените официјални претставници на Израел утринава соопштија дека во текот на ноќта се спроведени претреси на повеќе локации на Западниот Брег и дека се приведени 23 лица осомничени за наводна вмешаност во терористички активности.
Според податоците на палестинските институции, во израелските затвори се наоѓаат речиси 6.000 Палестинци.
По примерот на британската власт во Палестина меѓу двете светски војни, властите на Израел од 1967 година кон Палестинците применуваат практика на „управен притвор“, што претставува кошмар за Палестинците кои на тој начин месеци и години поминуваат во израелските затвори.
Илјадници Палестинци завршуваат во израелските затвори како управни затвореници, а најчесто на товар им се ставаат наводни обвиненија дека претставуваат закана по националната безбедност на Израел. Иако не се спроведуваат судски процеси, на затворениците со месеци и години им се продолжуваат мерките притвор, а на нивните адвокати најчесто не им се дозволува пристап до таканаречените „тајни докази“.