свет

Бројот на загинати во израелските напади во Газа порасна на 32

- Во израелските напади во Газа досега загинале 32 лица, од кои 6 деца и 4 жени.

Enes Canlı  | 07.08.2022 - Обновена : 08.08.2022
Бројот на загинати во израелските напади во Газа порасна на 32

КУДС

Бројот на загинати во нападите што ги започна Израел на 5 август во Појасот Газа, кој е под блокада, се искачи на 32, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Палестинското Министерство за здравство преку писмено соопштение даде информации во врска со загубата на животи како резултат на израелските напади во Газа.

Во соопштението се вели дека во израелските напади во Газа досега загинале 32 лица, од кои 6 деца и 4 жени.

Во ова соопштение се наведува дека бројот на повредени се искачи на 253, а не се споделени информации за нивната состојба.

Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ешреф ал-Кудра, во изјава за медиумите истакна дека здравствените услуги се под закана, и дека имаат потешкотии со снабдување со лекови и медицински средства.

Кудра нагласи дека Израел намерно како цел ги има цивилите.

Според него, здравствениот систем е сериозно погоден поради долгогодишната блокада на Израел, додека по последните напади, ситуацијата е влошена уште повеќе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın