Riyaz Khaliq Khaliq
09 Јануари 2024•Ажурирај: 10 Јануари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на загинати во земјотресот што Јапонија ја погоди за Нова година надмина 200, пренесува Анадолу.
Најмалку 120 лица сѐ уште се водат како исчезнати, а потрагата по евентуални преживеани продолжува, соопштија денес властите, јави јапонската новинска агенција Кјодо.
Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени ја погоди префектурата Ишикава, ја уништи инфраструктурата и ги оштети далноводите.
Тимовите за пребарување и спасување во кој учествуваат и илјадници војници се борат со суровите временски услови и оштетените патишта за да ги извлечат затрупаните под урнатините.
Крајбрежниот град Ваџима беше најтешко погоден, илјадници луѓе сè уште престојуваат во центрите за евакуација во Ишикава, од кои многумина се заразени со КОВИД-19.
До над 3.300 луѓе сѐ уште не може да се стигне поради оштетените патишта. За да се задоволат потребите на болните, компаниите со дронови ги доставуваат неопходните лекови во областите отсечени поради лизгањето на земјиштето.
Метеоролошката агенција ги предупреди жителите да бидат внимателни бидејќи сеизмичките активности во регионот и понатаму траат. Јапонија, која се смета за земја подложна на земјотреси, од 1 јануари е погодена од стотици потреси со помала магнитуда.