Fayez Abdulsalam,Gülşen Topçu
09 Јануари 2024•Ажурирај: 10 Јануари 2024
ГАЗА (АА) - Военото крило на Хамас, Бригадите Ал Касам, изврши ракетен напад врз Тел Авив како одговор на масакрите што ги спроведува Израел врз цивилите во Појасот Газа, јавува Анадолу.
Додека израелските напади врз Газа продолжуваат 94. ден, силите на Хамас во Газа истрелуваат ракети врз израелските градови.
Во соопштението на Бригадите Ал Касам се наведува дека Тел Авив е гаѓан со ракети како одговор на израелските масакри во Појасот Газа.
Ал Касам објави и снимка од истрелувањето на ракетите.
Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ наведе дека се огласиле предупредувачки сирени во градовите Ришон Ле Цијон, Тел Авив, Рамла, Нес Зиона, Јашреш, Беер Јаков, Холон и Лид.
Во соопштението на израелската војска се наведува дека од Газа биле истрелани осум ракети кон централниот дел на Израел.
Се додава дека три ракети се неутрализирани од системот за противвоздушна одбрана „Железна купола“, четири паднале на отворен простор, а не е наведено што се случило со уште една ракета.