Barış Seçkin
29 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
РИМ (АА) – Бродот „Оушн Викинг“ (Ocean Viking), кој припаѓа на СОС „Акдениз“, со 104 нерегуларни мигранти чека на море за да се осигура безбедно пристаниште, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во активностите за спасување на мигрантите во Средоземното Море учествуваат разни француски невладини организации и Организацијата на лекари без граници (MSF).
Во објавата на СОС „Акдениз“ на профилот на Твитер се истакнува дека бродот „Оушн Викинг“ веќе 11 дена со мигрантите чека на море и се упатува повик до европските држави за да се осигура безбедно пристаниште за нивната евакуација.
Во Италија, откако екстремнодесничарската партија излезе од власта, немаше проблеми за бродовите на невладините организации кои спасуваа мигранти.
Според весникот „Ла Република“ (La Repubblica), мигрантите кои беа спасени со бродот „Оушн Викинг“, чекаа само два до три дена за нивната евакуација, но овој пат тие чекаат повеќе од 10 дена и за првпат не е дозволена нивната евакуација.
- Нерегуларни мигранти во Медитеранот и проблеми со невладините организации
Медитеранскиот Регион помеѓу Италија, Малта и Либија се издвојува како еден од најчесто користените нерегуларни миграциски рути за премин од Африка во Европа во последните години.
На рутата, невладините организации од различни земји се вклучени во спасувачки активности. Но невладините организации спасените мигранти не ги носат во Триполи, кој е најблиското пристаниште, се образложение дека таму има „кршење на човековите права“ и не е осигурана „безбедноста“ на мигрантите.
Невладините организации нерегуларните мигранти сакаа да ги пренесат во Италија и Малта, најблиското безбедно место во регионот, но се соочуваат со тешкотии затоа што двете земји одбија да ги прифатат.
Во Италија, откако екстремнодесничарската партија излезе од власта во август, имаше омекнување во однос на нерегуларната миграциска политика на земјата.
Италија и Малта од неодамна од ЕУ очекуваат да видат поголема солидарност во борбата против нерегуларната миграција.