Muhammet İkbal Arslan
29 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
ЛЕФКОША
Две лица денеска напладне ги загубија животите во Турската Република Северен Кипар (KKTC), кога авион за обука кој припаѓа на Федерацијата за воздушни спортови, падна во близина на аеродромот „Гечиткале“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави полицијата се истакнува дека за време на тренинг-лет, од засега непознати причини недалеку од аеродромот „Гечиткале“, во местото Газимагуса паднал авион за обука.
Од полицијата соопштија дека животот го загубиле Серкан Озџезарли (46) и Хакан Четинкаја (46), кои биле во авионот.
Премиерот на Турската Република Северен Кипар (KKTC), Ерсин Татар, осврнувајќи се на несреќата, на социјалната мрежа Твитер објави: „Со тага дознав дека ги загубивме нашите двајца браќа како резултат на падот на авионот за обука на аеродромот „Гечиткале“. Посакувам Божја милост за починатите, и изразувам сочувство до нивните семејства и до нашиот народ.“