свет

Британската полиција трага по мистериозниот филантроп кој остава пари на улица

Полицијата, со цел пронаоѓање на мистериозниот добротвор, се состана со луѓето, институциите и банките и ги пребара отпечатоците на банкнотите. Меѓутоа, и покрај сите напори, не успеа да го открие идентитетот на тоа лице

Hasan Esen  | 20.11.2019 - Обновена : 21.11.2019
Британската полиција трага по мистериозниот филантроп кој остава пари на улица

ЛОНДОН (АА) - Британската полиција го бара мистериозниот добротвор кој остава коверти полни со пари во една градска улица во местото Блекхол Колири, на северниот дел на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Локалните медиуми наведуваат дека непознато лице од 2014 година остава коверти полни со пари. На почетокот на оваа недела во еден коверт беа пронајдени 2.000 фунти. Од почетокот на годината ова е четврти коверт, а дванаесетти во овие пет години.

Полицијата, со цел пронаоѓање на мистериозниот добротвор, се состана со луѓето, институциите и банките и ги пребара отпечатоците на банкнотите. Меѓутоа, и покрај сите напори, не успеа да го открие идентитетот на тоа лице.

Портпаролот на локалната полиција, Џон Форстер, порача дека случајот и понатаму е таинствен.

„Затоа, ние ја поздравуваме секоја информација што ќе ни помогне во расветлување на оваа мистериозна случка“, изјави Форстер.

Констатирајќи дека лицето кое ги оставило парите би можело да биде филантроп, Форстер исто така се заблагодари на граѓаните кои ги пронашле и ги донеле парите.

Тој додаде дека парите кај нив ќе бидат две недели, и дека доколку не се појави сопственикот, тие ќе бидат вратени на лицето кое ги пронашло.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın