свет

Од почетокот на годината израелските сили уапсија 745 палестински малолетници

Израелските сили до октомври оваа година уапсија 745 деца на возраст под 18 години. Во извештајот е нагласено дека на тие деца не им е овозможено образование, на нивните семејства не им се дозволени посети и дека немаат адекватни лекови за лекување

Esat Fırat  | 20.11.2019 - Обновена : 21.11.2019
Од почетокот на годината израелските сили уапсија 745 палестински малолетници

ЕРУСАЛИМ (АА) - За десет месеци оваа година израелските сили уапсија 745 палестински малолетници, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од Здружението на палестинските затвореници, по повод Светскиот ден на детето, објавија извештај во која наведоа дека во моментот во израелските затвори се наоѓаат повеќе од 200 малолетници.

Израелските сили до октомври оваа година уапсија 745 деца на возраст под 18 години. Во извештајот е нагласено дека на тие деца не им е овозможено образование, на нивните семејства не им се дозволени посети и дека немаат адекватни лекови за лекување.

Наведено е и дека администрацијата во Тел Авив донела низа нацрт-закони кои вклучуваат и големи казни за палестинските деца. Во извештајот е потсетено дека од 2015 година се забележани и непријатни настани како пукање на израелските сили врз палестинските малолетници, но и примена на сила.

Од Здружението на палестинските затвореници ги повикаа меѓународните организации, вклучувајќи го Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), да вложат повеќе напори за да ги заштитат палестинските деца.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın