свет

Германија предложи формирање комисија за да се оспособи НАТО

„Предлогот предвидува воспоставување комисија на експерти под раководство на генералниот секретар на НАТО“, изјави Рајнер Бројл

Ayhan Şimşek  | 20.11.2019 - Обновена : 21.11.2019
Германија предложи формирање комисија за да се оспособи НАТО

БЕРЛИН (АА) - Германија денеска предложи фомирање комисија од експерти на високо ниво за да се оспособи НАТО да одговори на новите предизвици и да се спречи поделбата во Алијансата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи на прес-конференцијата во Берлин изјави дека министерот за надворешни работи, Хеико Мас, денеска ќе го претстави неговиот предлог за време на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел.

„Предлогот предвидува воспоставување комисија на експерти под раководство на генералниот секретар на НАТО“, изјави Рајнер Бројл, додавајќи дека таквата комисија може да иницира стратешка дебата за новите предизвици, да развие нови концепти и политики за НАТО и да помогне во враќање на довербата во Алијансата.

Иницијативата на Германија дојде откако францускиот претседател Емануел Макрон пројави сомнежи за идната одржливотст на НАТО и изјави дека верува оти Алијансата е во процес на „смрт на мозокот“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın