Sayed Khodaberdi Sadat
17 Септември 2019•Ажурирај: 18 Септември 2019
КАБУЛ
За време на предизборниот митинг, на кој беше присутен и претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, извршен е самоубиствен напад во кој загинаа 24 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на оваа земја, Насрат Рахими, во изјава за медиумите истакна дека напаѓачот ја активирал бомбата што ја поставил на мотоцикл во близина на толпата луѓе, кои се собрале за митингот во местото Џенгел Баг во авганистанската покраина Парван.
Касим Сенгин од Градската болница во Парван истакна дека во нападот смртно настрадале 24 лица, додека 31 лице е повредено.
Сенгин нагласи дека дел од повредените се наоѓаат во тешка состојба, изразувајќи загриженост од можноста за зголемување на бројот на жртви.
Очевидците велат дека за време на нападот, претседателот Гани бил на митингот и се спасил без повреди.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Претседателските избори во Авганистан ќе се одржат на 28 септември.