Muhammet Nazım Taşcı
21 Мај 2021•Ажурирај: 22 Мај 2021
ИСЛАМАБАД (АА) - Според првичните проценки, 6 лица загинаа, а 14 се повредени во бомбашкиот напад на антиизраелскиот протест во пакистанската провинција Балуџистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лијакат Шахвани, портпаролот на Владата на Балуџистан, за АА изјави дека бил извршен бомбашки напад за време на антиизраелскиот протест во областа Чаман.
Шехвани информира дека бомбата била поставена на мотор на трасата на која требало да се одржат демонстрациите, а според првичните проценки, од експлозијата загинале 6 лица, а 14 биле повредени, од кои 4 потешко.
Експлозијата се случи во близина на возилото на Мевлана Абдул Кадир Лони, претседателот на Здружението на исламски научници на Балуџистан, кој го предводеше протестот.
Шахвани соопшти дека Лони бил полесно повреден во експлозијата.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.