Gözde Bayar
25 Септември 2019•Ажурирај: 25 Септември 2019
КАБУЛ (АА) - Најмалку тројца цивили загинаа, а седум се повредени во бомбашкиот напад кој беше извршен утринава врз Кабинетот на авганистанскиот претседател Ашраф Гани, јавува Anadolu Agency (AA).
„Бомбата била скриена на влезот од Кабинетот, лоциран во јужното подрачје на Кандахар“, истакнаа од локалниот полициски департман за АА.
Досега никој не презеде одговорност за нападот.
Претседателските избори во Авганистан се најавени за 28 септември.