Betül Yürük
25 Септември 2019•Ажурирај: 26 Септември 2019
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, кон крајот на октомври ќе ја посети Турција со цел да учествува на Медијаторската конференција во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од извори од ОН, Гутереш кон крајот на октомври ќе допатува во Турција.
Се вели дека Гутереш во овие рамки на 31 октомври ќе учествува на Медијаторската конференција во Истанбул.
Инаку, оваа конференција е меѓу главните активности на Турција во областа на медијаторството.