Servet Günerigök
25 Септември 2019•Ажурирај: 25 Септември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, синоќа во Њујорк се состана со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, со кој разговараа за низа важни регионални теми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Состанокот е одржан во седиштето на ОН, на маргините на заседанието на Генералното собрание на таа меѓународна институција.
Во соопштението што го објави Кабинетот на Гутереш се наведува дека двајцата челници разговарале за борбата против климатските промени, како и за кризите во Сирија, Либија и на Кипар.
Генералниот секретар на ОН, Гутереш, кон крајот на октомври ќе ја посети Турција и ќе присуствува на конференцијата за Сирија што ќе биде одржана во Истанбул.
Ердоган синоќа во Њујорк се состана и со албанскиот премиер, Еди Рама, како и со премиерите на Велика Британија и Италија, Борис Џонсон и Џузепе Конте.