Ali Abo Rezeg
25 Септември 2019•Ажурирај: 26 Септември 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили денес го приведоа палестинскиот министер за Ерусалим, Фади ал Хадами, пренесува Anadolu Agency (AA).
Преку соопштение, палестинското Министерство за работи поврзани со Ерусалим соопшти дека израелските сили извршиле рација и претрес на домот на министерот, пред да го приведат.
Од израелска страна досега нема соопштение во врска со приведувањето.
Ова е втор пат во последните три месеци израелските сили да го приведат палестинскиот министер за Ерусалим.
Израелските сили ги интензивираа своите акции против палестинските активности во Ерусалим, откако американскиот претседател, Доналд Трамп, во 2017 година го призна окупираниот град како главен град на Израел.
Ерусалим останува во сржта на повеќедеценискиот конфликт на Блискиот Исток, а Палестинците се надеваат дека Источен Ерусалим, кој е окупиран од Израел од 1967 година, еден ден може да стане главен град на палестинската држава.