Ekipa
15 Март 2017•Ажурирај: 15 Март 2017
ДАМАСК (АА) - Силна експлозија одекна денес во центарот на Дамаск, а локалните медиуми јавуваат дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад што се случи пред Палатата на правдата, јавува Anadolu Agency (AA).
Прорежимската сириска новинска агенција САНА јавува дека нападот го извршил самоубиец, кој активирал елек со експлозив. Експлозијата се случила на влезот од зградата на судот во Ал-Хамидија, централен кварт во Дамаск.
Според првичните информации, во нападот загинале најмалку 25, а ранети се повеќе лица.
Досега никој не презеде одговорност за нападот.