ЕРУСАЛИМ (АА) – Турската агенција за соработка и развој (ТИКА) ги задоволува потребите на Палестинците со реализираните близу 400 проекти во последните 10 години, јавува Anadolu Agency (AA).
ТИКА преку својата канцеларија во Палестина, којашто беше отворена во 2005 година, до денес реализираше вкупно 389 проекти во области како образование, здравство, брза помош, вода и јавно здравство, во секторот на производство, заштита на заедничкото историско наследство, како и на полето на зајакнување на административната и цивилната инфраструктура.
Од вкупниот број на проекти, 195 се реализирани на Западниот Брег, кој е под окупација, 71 проекти во Источен Ерусалим, додека останатите 123 проекти се реализирани во појасот Газа, која е под блокада.
ТИКА секоја година, со помош на десетици проекти го пренесува искуството и доставува помош од Турција за Палестина. ТИКА во Газа реализира и мегапроекти, како изградба на модерна болница со капацитет од 180 легла и станбени градби со 320 стана, кои се во завршна фаза.
Исто така, ТИКА реализира проекти во Палестина во различни области, како проекти за социјална инфраструктура, поддршка на граѓанските здруженија, зајакнување на положбата на жените, општествени настани, како и проекти што даваат придонес во спортот.
- Оваа година ќе се отвори модерна болница со капацитет од 180 легла -
Исто така, ТИКА продолжува со своите активности во области како изградба на болници, поддршка во медицинска опрема, професионални обуки за здравствениот персонал, доделување возила за брза помош, како и поддршка со пренесување искуства во реализирањето на хируршки интервенции.
Оваа година во план е да се отвори болницата во појасот Газа, именувана „Болница на турско-палестинското пријателство“. Се проценува дека овој проект ќе чини 62 милиони долари. Здравствената установа именувана „Болница на турско-палестинското пријателство“ е составена од 10 блокови, и ќе има капацитет од 180 кревети.
На овој начин, Палестинците што живеат во појасот Газа, кој е под блокада, ќе имаат здравствени услуги во својата земја. Стотици ранети при нападите на Израел врз Газа во 2014 година биле принудени да одат во странство за лекување, додека 123 од овие ранети биле лекувани во Турција.
Исто и болницата со капацитет од 30 кревети е моментално најмодерната болница во земјата, која веќе 5 години служи во градот Тубас на Западниот Брег, а е изградена од страна на ТИКА.
- Станбени градби со 320 станови во Газа -
Со проектот на ТИКА за изградба станбени објекти со 320 стана, кој сѐ уште е во тек и ќе чини околу 13 милиони долари, ќе им даде засолниште за стотици семејства чии куќи биле уништени при нападите на Израел. Станбените објекти составени од 20 блока ќе бидат изградени на површина од 20 илјади квадратни метри во селото Вади Газа.
Овој мегапроект се очекува да заврши во најскоро време, и становите да се доделат на палестинските семејства.
- На Западниот Брег се отворени 6 училишта -
ТИКА продолжува со проекти во областа на образованието, со изградба на нови училишта, обнова на постоечките училишта, набавување компјутерски лаборатории, стипендии и со отворање катедри на универзитетите за турски наставен јазик (туркологија).
Илјадници Палестинци го продолжуваат своето образование во шесте училишта што ТИКА ги отвори во различни градови на Палестина, под мотото „На секој град на Палестина, по едно училиште“. Училиштето со 4 ката и 14 училници, и со капацитет од 550 ученици, именуван „Турско училиште Ел-Халил“, изградено во најголемиот град на Западниот Брег, Ел-Халил, е најмодерното училиште во градот.
Исто и училиштето со 18 училници, 2 компјутерски лаборатории, 3 кацеларии за администрацијата, како и едно складиште, именувано „Училиште за девојки Нури Пакдил“ во вториот најголем град на Палестина, Наблус, е меѓу училиштата што се изградени од страна на ТИКА.
- Во Газа изградена најмодерната фабрика за производство на маслиново масло -
ТИКА со своите проекти во областа на прозводството дава придонес за пофункционално користење на ресурсите што ги поседува палестинскиот народ. ТИКА на овој начин придонесува за економијата на Палестина и за палестинскиот народ, и ги пренесува искуствата на Турција во ова област.
Земјоделстото е еден од најважните извори за егзистенција во Палестина, која има плодни земјишта. ТИКА дава поддршка и за развојот на земјоделството во Палестина, и ја изгради најмодерната фабрика за производство на маслиново масло, именувана „Фабрика за прозводство на маслиново масло Абасан“ во Газа.
На палестинските земјоделци на Западниот Брег, ТИКА им додели две теренски возила 4x4, 10 трактори, 10 плуга, 2 комбајна и 5 култиватори.
- Услуги во областа на културата -
Во Палестина, со која Турција има заедничко историско наследство, ТИКА врши многубројни реставрации за заштита на делата од Отоманскиот период, со цел овие дела да се пренесат на идните генерации.
Реставрацијата на полумесечината на Кубет-ус-Сахра, која се наоѓа во комплексот Месџид-ул Акса и е позлатена, како и на саат-кулата изградена во Наблус од страна на Султан Абдулхамид II е меѓу проектите на ТИКА. Исто така, ТИКА има издадено книги-водичи на турски, арапски и на англиски јазик, со цел подобро да се промовираат Палестина и Месџид-ул Акса.
Исто така, ТИКА ги покри трошоците на испечатените вкупно 3.500 книги, подготвени од страна на „Хаус оф виздом“, со цел да се направат истражувања и студии околу прашањата како палестинската кауза и околу војната на Арапите и Израелците, меѓу кои 2.500 книги на арапски јазик, во врска со односите на Турција и Палестина во последните десет години, и 1.000 брошури на арапски јазик што ги бранат тезите на Турција во врска со ерменските настани во 1915.
- Повторно се оживува фестивалот Неби Муса -
Благодарение на ТИКА, повторно се оживува фестивалот Неби Муса, кој во 1187 година бил започнат од страна на војсководецот Салахадин Ејуби, со цел да се демонстрира/покаже моќта на муслиманите, а кои завршиле во 1967 година, со окупацијата на Израел.
Средствата на канцеларијата на „Здружение на дипломирани Палестинци во Турција“, која била основана со подршката и иницијатива на ТИКА, со цел да се зајакне солидарноста меѓу Палестинците кои дипломирале во Турција и со културните активности да се зајакне пријателството меѓу двете земји, исто така биле набавени од страна на ТИКА.
ТИКА минатата година додели 50 инвалидски колички, а во текот на Рамазан додели пакетчиња со прехранбени производи за лицата на кои им се потребни. Во доделувањето на оваа помош учествуваше и претседателот на Палестина, Махмуд Абас.
news_share_descriptionsubscription_contact
