Faruk Zorlu
28 Април 2021•Ажурирај: 29 Април 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ ќе воведе нова авионска линија од Истанбул до Ванкувер, Канада од 2 мај, соопшти извршниот директор на компанијата доцна синоќа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Започнуваме трета рута кон Канада. Торонто, Монтреал и сега Ванкувер. Среќно!", напиша Билал Екши на Твитер.
Авиопревозникот започна да лета до Торонто во 2009 година, а кон Монтреал во 2014 година. Ванкувер ќе биде 15-та дестинација на авиопревозникот во Северна Америка.
„Туркиш ерлајнс“, основана во 1933 година, во моментов лета до 319 меѓународни и домашни дестинации.