Şerife Çetin
27 Април 2021•Ажурирај: 28 Април 2021
АНКАРА
Шефот на делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во Турција, амбасадорот Николаус Мајер-Ландрут, истакна дека Турција е многу важен партнер за Европа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мајер-Ландрут зборуваше на „23-от самит за претпријатија и деловно работење“ организиран преку видеоконференција од страна на Турската конфедерација за претпријатија и бизниси (TÜRKONFED).
Наведувајќи дека епидемијата на Ковид-19 негативно влијаела на приватниот сектор и во Европа и во Турција, Мајер-Ландрут рече дека особено големи проблеми се појавиле во вработувањето и синџирот на снабдување.
Истакнувајќи дека вакцинацијата во Турција продолжува силно и покрај сите тешкотии, Мајер-Ландрут нагласи: „Треба да се фокусираме на климатските промени, немаме време за одложување. Многу е важно да најдеме иновативни решенија.“
Истакнувајќи дека земјите не можат да се борат сами со предизвиците што ги носат климатските промени, Мајер-Ландрут рече: „Сите треба да направиме промени во глобалните синџири на снабдување.“
Истакнувајќи дека Европа сака промените меѓу трговските партнери да се направат во една фер средина во согласност со „Зелениот консензус“, тој додаде:
„Турција е многу важен партнер за Европа. Постојат партнерства од текстилната индустрија и од автомобилската индустрија. Еден дел од производствата се реализираат во Европа, другиот дел во Турција.“
Наведувајќи дека Турција се наоѓа на клучна точка во европскиот систем, Мајер-Ландрут истакна дека постојат големи партнерства меѓу страните во однос на производството и извозот.
Тој, меѓу другото, истакна дека ги поздравуваат реформите што ги спроведува Турција за создавање „зелен пазар“.