свет

Бомбашки напад во Кабул: Најмалку 18 загинати, 100 ранети

- Во западниот дел на Кабул се случила експлозија во една полициска станица, во која животот го загубија најмалку 18 лица, а повеќе од 100 се ранети

Emel Öz Gözellik  | 07.08.2019 - Обновена : 08.08.2019
Бомбашки напад во Кабул: Најмалку 18 загинати, 100 ранети Foto: Arhiva / AA

Ankara

АНКАРА

Во бомбашкиот напад изведен во Кабул, главниот град на Авганистан, животот го загубија најмалку 18 лица, а 100 се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста што ја објави „ToloNews“, Министерството за јавно здравство соопштило дека во западниот дел на главниот град се случила експлозија во една полициска станица, во која животот го загубиле најмалку 18 лица, а повеќе од 100 се ранети.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Нусрет Рахими, изјави дека цел на бомбашкиот напад била зградата на една полициска станица, истакнувајќи дека пред нападот безбедносните сили започнале операции против ќелиите на терористичката организација ДЕАШ во градот.

Талибанската организација ја презеде одговорноста за нападот.

Вчера во Кабул беше извршен бомбашки напад со експлозив поставен на велосипед, кој бил активиран во момент кога покрај патот минувало возило на вработен во Министерството за внатрешни работи. Во нападот животот го загубија 5 лица, а 7 лица беа ранети.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın