Haydar Hadi
14 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
БАГДАД (АА) - Во бомбашки напад што се случи во ирачкиот главен град Багдад, животот го загубија 6 лица, а 13 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информации добиени од безбедносни сили, во центарот на Багдад, во близина на мостот Рубаји, бил извршен напад со возило-бомба, кој за цел ги имал деловните простории во подрачјето.
Во нападот животот го загубиле 6 лица, додека 13 се ранети.
Безбедносните сили поставиле безбедносен круг на местото на експлозијата, од каде загинатите и ранетите со медицински возила биле пренесени до локалните болници.
Засега сѐ уште никој не ја преземал одговорноста за нападот.
Градот Багдад кој има слабо обезбедување, често е место на напади.