Ahmet Sait Akçay
30 Мај 2016•Ажурирај: 30 Мај 2016
БАГДАД (АА) - Најмалку 22 лица загинаа, а десетици се повредени во серијата бомбашки напади што го потресоа Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Во експлозија на автомобил-бомба што се случи на пазар во населеното место Шааб, во северниот дел на Багдад, загинаа 12, а беа повредени 33 лица.
По кратко време, самоубиствен напад со автомобил бомба се случи пред полициска станица при што загинаа четири лица, вклучувајќи го и бомбашот-самоубиец.
Во провинција Садр загинаа три лица додека 12 лица се повредени во експлозија на миниран мотор. Во истовреме, во експлозија во јужниот дел на Багдад загинаа три лица, а седум се повредени.
Во меѓувреме, ирачките сили веќе неколку дена спроведуваат опсежна акција за ослободување на градот Фалуџа, кој веќе две години е под контрола на терористите на ДАЕШ.