Vesna Besic
24 Февруари 2024•Ажурирај: 27 Февруари 2024
ДЕИР АЛ БАЛАХ (АА) - Ништо не се знае за родителите на бебињата близнаци, момче и девојче, кои се донесени во болницата Ал Акса во Деир ал Балах од медицинскиот комплекс Насер во Хан Јунис, која е опколена од израелските сили, известува Анадолу.
Близнаците од Газа без старател денес се префрлени од медицинскиот комплекс Насер во болницата Ал Акса на лекување.
Израелската војска на 22 февруари се повлече од медицинскиот комплекс Насер, но продолжува опсадата на објектот, како и блиската болница Ал-Амал, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Се истакнува дека медицинскиот персонал закопале 13 пациенти убиени во болница Насер откако престанале со работата генераторите и проток на кислород. Министерството не ги наведе датумите на нивната смрт.
Се додава дека канализациската вода го поплавила приземјето на болницата.
„Окупаторите и понатака ја оневозможуваат поправката на резервоарот за вода, канализациската мрежа и работата на агрегатот во болницата“, се вели во соопштението.
Во нападите на Израел, обвинет за геноцид, од 7 октомври според податоците на палестинските здравствени власти, убиени се најмалку 29.606 Палестинци, воглавно жени и деца, а 69.737 се повредени.
По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.
Меѓутоа, израелските сили и понатаму продолжуваат со нападите врз Појасот Газа.
Според податоците на Обединетите нации, 85% од населението на Појасот Газа е интерно раселено и се соочува со акутен недостаток на храна, чиста вода и лекарства, додека околу 60% од инфраструктурата во Појасот Газа е оштетена или уништена.