Yusuf Özcan
03 Мај 2019•Ажурирај: 06 Мај 2019
ПАРИЗ (АА) – Во Франција, во демонстрациите на „Жолтите елеци“ кои траат повеќе од 5 месеци, бројот на повредените со капсула од солзавец користен од страна на полицијата се зголемува, пренесува Anadolu Agency (AA).
Интернет-страницата „Медијапарт“ (Mediapart) го објави бројот на лицата што беа повредени од употребата на солзавец од страна на полицијата.
Според тоа, како резултат на погодување со капсула од страна на полицаец 5 лица загубиле рака, 23 лица загубиле око, 268 лица биле повредени во главата, 15 во рацете, 64 лица во телото, 26 лица во половината и 106 лица во ногата.
Се соопштува дека на протестите се повредени 95 новинари, 40 средношколци и 30 здравствени волонтери. Од друга стана, се наведува дека биле евидентирани 145 попречувања на слободата на печатот и навреди од страна на полициските сили.
Вкупно 11 лица ги загубија своите животи на протестите на „Жолтите елеци“, а едно од тие лица загина како резултат на погодување со капсула.
Во отворено писмо објавено преку јавниот радиодифузен сервис „Франс инфо“ („France Info“) беше истакнато дека полицијата на протестите намерно ги спречувала новинарите да ја извршуваат својата задача. Во писмото, 350 новинари го осудија насилството на полицијата употребено кон нив.
Француската Влада го брани ставот дека полицијата треба да употреби солзавец за одржување на јавниот ред во протестите.
Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, истакна дека Главната инспекција на државната полиција (IGPN) соопштила дека се започнати 220 истраги поради тврдење дека полицијата употребила сила во текот на демонстрациите.
Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права во Советот на Европа, во периодот кога започнаа демонстрациите ја повика Франција да ги почитува човековите права при демонстрациите на „Жолтите елеци“, да не носи прекумерни ограничувања на слободата на мирните демонстрации и да воведе забрана за употреба на солзавец.
Францускиот омбудсман, Жак Тубон, побара да се забрани употребата на солзавец во демонстрациите на „Жолтите елеци“.
Од 17 ноември 2018 година, илјадници демонстранти, носејќи жолти елеци, се собираат во големите француски градови во знак на протест против спорните даноци за гориво наметнати од францускиот претседател, Емануел Макрон, и поради влошената економска ситуација во земјата.