Umar Farooq
03 Мај 2019•Ажурирај: 04 Мај 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека репресијата над народот на Венецуела мора да престане и тоа што е можно поскоро, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој истакна дека луѓето во Венецуела гладуваат и немаат вода.
„Ние ним им сакаме добро“, изјави Трамп во Белата куќа при обраќањето на церемонијата на одбележување на Националниот ден на молитвата.
Тој додаде дека се моли за народот на Венецуела за, како што рече, нивната праведна борба за слобода.
За потсетување, венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гваидо во вторникот објави видеопорака, во која со одреден контингент униформирани лица и оклопни возила повикува на бунт за да се стави крај на „узурпацијата“ на Мадуро, и повика на масовни демонстрации против претседателот.
Владата на Венецуела, пак, соопшти дека започнала акција за сузбивање на обидот за воен удар зад кој стојат Гваидо и мала група државни предавници. Претседателот Мадуро го повика народот на улиците за да ја штити својата татковина и уставниот поредок.
Според неофицијални податоци, во судирите меѓу припадниците на безбедносните сили и приврзаниците на опозицијата повредени се над 100 лица, а две го загубија животот.