Ahmet Gürhan Kartal
02 Мај 2019•Ажурирај: 03 Мај 2019
ЛОНДОН (АА) - Британските гласачи на локалните избори денеска го даваат својот глас за советници во некои региони, јавува Anadolu Agency (AA).
Изборите во 248 од 343 совети во Велика Британиија и 11 совети во Северна Ирска ќе ги одредат новите советници за вкупно 8.425 места за следниот мандат.
Во моментов, повеќе од половина од локалните совети се контролирани од страна на владејачката Конзервативната партија, а 67 од Лабуристичката партија.
Денешните избори се важни бидејќи ќе ги покажат преференциите на британските гласачи по повеќе од три години преговори за Брегзит, кои се доведени во застој.
Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ на 31 март, но датумот за Брегзит досега беше продолжен двапати.
Гласањето денеска треба да заврши во 22:00 часот по локално време.