Yusuf Özcan
05 Март 2019•Ажурирај: 07 Март 2019
ПАРИЗ (АА) – Во Франција, во демонстрациите на „Жолтите елеци“, кои траат повеќе од 3 месеци, со капсула од солзавец користен од страна на полицијата, едно лице го загуби својот живот, а 368 лица беа повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Интернет-страницата „Медијапарт“(Mediapart), го објави бројот на лицата кои загинаа или беа повредени со капсула од солзавец, за што Владата се залагаше да биде употребен за време на протестите, со образложение дека имало потреба.
Соодветно на тоа, при погодување со капсула од солзавец, едно лице го загуби животот, пет лица ја загубија раката, 21 лице го загубија окото, 204 лица беа повредени во главата, 13 лица во рацете, 41 лице во телото, 68 лица во ногата и 16 лица во половината.

Исто така се соопштува дека од повредените 56 лица биле новинари, а 37 средношколци. Од друга страна, евидентирани биле 80 лица кои ја попречувале слободата на печатот и навредувале.
Дуња Мијатовиќ, комесар за човекови права во Советот за Европа, тогаш, кога започнаа демонстрациите, ја повика Франција да ги почитува човековите права при демонстрациите на „Жолтите елеци“, да не носи прекумерни ограничувања на слободата на мирните демонстрации и да воведе забрана за употреба на солзавец.
Таа исто така истакна дека со оглед на големиот број повредени лица и сериозноста на нивните повреди, треба да се доведат во прашање методите кои ги применувала полицијата за да обезбеди јавен ред во протестите.
Министерот за внатрешни работи, Лорен Нунез, истакна дека Националната единица за истраги на полицијата започнала истрага за 140 полицајци под сомнение дека употребиле насилство за време на демонстрациите на „Жолтите елеци“.
Француската Влада тврдеше дека полицијата треба да употреби солзавец за одржување на јавниот ред во протестите.
Од 17 ноември 2018 година, илјадници демонстранти, носејќи жолти елеци, се собираат во големите француски градови, во знак на протест против спорните даноци за гориво наметнати од францускиот претседател Емануел Макрон и поради влошената економска ситуација во земјата.
Според бројките од Владата, во протестите досега загинаа најмалку 11 лица, околу 8.400 беа притворени, над 2.000 беа повредени, додека 1.796 лица добија казна затвор.