Şerife Çetin
10 Октомври 2017•Ажурирај: 11 Октомври 2017
БРИСЕЛ (АА) - Вработените на јавната администрација во Белгија започнаа штрајк кој ќе трае 24 часа, во знак на протест против владините политики, а тоа предизвика пречки во сообраќајот, во работата на училиштата, како и во областа на поштенски и здравствени услуги, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу штрајкувачите од јавната администрација има вработени во јавниот превоз, поштата, болниците, како и во општини, наставници итн.
Вработените од јавната администрацијав штрајкуваат во знак на протест поради политиката што ја спроведува владата на таа земја, која се однесува на политиката на приватизација, намалување на буџетот и на пензиите, како и против тоа што наместо на неопределено, се вработуваат лица на определен временски период.
Исто така, настануваат пречки во сообраќајот, во работата на училиштата, како и во областа на поштенски и здравствени услуги. Автобуските и трамвајските линии се во целосен застој, а работи само една метро линија.
Споменатиот синдикат соопшти дека овој делумен штрајк, кој ќе трае 24 часа, е само предупредување, и оти во случај да не се подобрат условите, ќе се организираат поопсежни протести.