Betül Yürük
10 Октомври 2017•Ажурирај: 11 Октомври 2017
ЊУЈОРК (AA) - Во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, на 16. октомври ќе бидат изложени фотографии на меѓународното натпреварување во фотографија „Istanbul Photo Awards 2017", кое по трети пат го организира Anadolu Agency (AA).
Фотографиите наградени на престижното натпреварување и оваа година ќе им бидат претставени на љубителите на уметноста, но и на други посетители.
На отворањето на изложбата чии домаќини се заменикот-генерален директор на АА, Метин Мутаноглу, и заменикот-претседавач на Управниот одбор на АА, Шабан Кизилдаг, меѓу останатите ќе присуствуваат и постојаниот претставник на Турција при ОН, Феридун Синирлиоглу, генералниот конзул во Њујорк, Етан Јалчин, функционери од постојаното претседателство и од конзултатот, како и претставници на националните и на меѓународните медиуми.
Спонзори на натпреварувањето на кое се наградени 22 фоторепортери од 17 земји се „Turkish Airlines“ (THY) и Турската агенција за соработка и координација (TIKA).
За фотографија на годината на третото меѓународно натпреварување „Istanbul Photo Awards“, меѓу пристигнатите 25.000 фотографии, избрана е фотографијата „Бегство од ДЕАШ", која во Ирак, за „Paris Match" (Париз меч) ја сними Французинот Федерик Лафарж.
Арис Месинс за серијалот насловен „Смрт во Средоземното Море“, снимен за АФП, е најдобар во категоријата „сериски вести“.
Фотографијата „Под површината“ на Адам Прити, која ја сними за „Getty Images“ (Гети имиџис), избрана е за најдобра во категоријата „индивидуален спорт“, а серијалот на фотографии на Патрик Смит, исто така за „Getty Images“, избран е за најдобар во категоријата „тимски спортови“.
Во категоријата „сериски портрети“, победничка е Мери Гелман, за серијата фотографии за жените жртви.
„Хранење сирачиња орангутани“ на Кемал Јуфри е избрана за најдобра во категоријата „серија фотографии на природата и околината“, додека фотографијата „Golf teren Papwa Sewgolum" на Џони Милер снимена за „Millefoto“, беше прогласена за најдобра во категоријата „поединечна фотографија на природата и околината“.
Наградата за најдобар „млад фоторепортер" на фриленсерот во Газа, Хосам Салем, му ја донесе фотографијата „Уличен тренинг во Газа“.