Ekipa
10 Октомври 2017•Ажурирај: 10 Октомври 2017
ХАМА / АНКАРА (АА) - Силите на режимот на Асад на линијата Хама – Идлиб соработуваат со ДЕАШ, така што за нив го отворија коридорот, при што преминаа стотици милитанти со оклопни возила, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локалните извори, силите на Асад го отвориле коридорот источно од Хама, јужно од Идлиб, кој го држат под опсада, овозможувајќи им на членовите на ДЕАШ безбедно да минат.
Стотици милитанти на ДЕАШ, 20 пикап возила со тешко вооружување, оклопни возила за транспорт на лица, 3 тенка и неколку противавионски Z23, минувајќи низ коридорот, забрзано напредуваат кон север.
Минувајќи го кордонот, конвојот на ДЕАШ изведе неочекуван напад врз воената група на движењето Тахрир Шам, кои се борат против режимот на Асад, и на некои опозициски елементи, и ги зазедоа најјужните делови од подрачјето на Идлиб.
Во првиот напад, ДЕАШ ги зазеде селата Семакије, Туфаха, Бијуд, Мешухије, Каср ибн Вардан и контролната точка Ендрин, кои подоцна повторно ги препушти, но засега ја има контролата врз подрачјата Душ, Рихџан и Ум Мијал.
Сѐ уште траат насилните судири меѓу страните.